Дина Јашари се закити со наградата „Милан Младеновиќ“

Македонската пејачка Дина Јашари ја освои наградата „Милан Младеновиќ“, за нејзината песна „Дома“. 

„Ова е голема поддршка за мене и мојата музика и ви благодарам што ги поддржувате уметниците од нашите простори. Минатата година исто така бев во финале со друга песна и добив навистина прекрасни коментари“, изјавила пејачката. 

Наградата ја доделува Фондацијата „Милан Младеновиќ“, за најдобра песна во регионот. Одлуката за доделување на оваа награда на Дина ја донесе регионално стручно жири, кое годинава го сочинуваат Миле Кекин (Хрватска), Соња Лончар (Србија), Матјаж Манчек (Словенија), Едо Плованиќ (Хрватска) и Драгиша Ускоковиќ Чима (Србија).

Ова е и првпат наградата да ја добие уметник надвор од Србија.