Димовски: Од позајмицата да се зголемат платите во јавниот сектор или штрајк

Сојузот на синдикати најавува генерален штрајк доколку не се исполни барањето за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и доколку нема средба со премиерот и надлежните министри.

Синдикалниот лидер Дарко Димовски во „Студио 10“ на ТВ 24 вели дека државата со извесната позајмица од 900 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд ќе има пари за зголемување на платата од 2.806 денари за сите работници во јавниот сектор. 

Министерот Бесими на новинарско прашање за најавениот штрајк на ССМ, рече дека преговорите се уште траат .