Димитриеска Кочоска: Владата ќе го прифати тоа што ќе се договорат договорат работодавачите и работниците

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска останува на ставот дека Владата ќе прифати онолкава минимална плата во државава колкава што ќе договорат работодавачите и работниците.

„Не знам зошто има коментари дека сме биле во судир со синдикатите во однос на минималната плата. Бев многу јасна и кажав  – ќе се договорат работодавачите  и работниците колку едните можат да испорачаат, а колку другите можат да платат, а за нас ќе биде прифатливо сето тоа што ќе го договорат. Имаат дијалог меѓу себе и што ќе прифатат таму ние сме должни да го обезбедиме, а особено како Министерство за финансии“, потенцира Димитриеска Кочоска

Таа посочи дека не би дискутирала понатаму, и ќе остави на дијалог помеѓу двете страни.

„Што ќе договорат како министер за финансии ќе го почитувам“, рече Димитриеска Кочоска.