Димитар Михајловски назначен за нов директор на КИЦ Битола

Димитар Михајловски е новиот директор на ЈОУ КИЦ Битола.

Тој е роден во Битола на 20 февруари 1977 година, средно образование завршил во родниот град, а дипломирал на Интернационалниот Универзитет „ЕУРОПА ПРИМА“ од Скопје, на факултетот за филмски уметности при што се стекнал со стручен назив филмски уметник – продуцент.

На раководната позиција во ЈОУ КИЦ Битола, Димитар Михајловски, доаѓа од НУ Народен Театар Битола.

Во своето долгогодишно работно искуство бележи реализација на голем број проекти, каде се јавува како продуцент и организатор на бројни театарски, филмски, музички и други културни настани.