Повторно покрената дилемата во јавноста за вакцините и појавата на аутизмот кај децата. Ова следи откако познатиот доктор епидемиолот Драган Даниловски ја нарече скандалозна изјавата на претседателот на Македонското научно здружение за аутизам доктор Владимир Трајковски кој изјави дека децата со аутизам не треба да е вакцинирааат.
- Иако ниту еден исказ не е точен, нема родител што ќе го вакцинира своето дете, откако ќе го чуе ова од устата на претседател на „Македонското научно здружение за аутизам“! За 30 секунди е збришана целата (и онака кревка) доверба на народот кон вакцините! - порача доктор Даниловски о дејсбук објава.
На неговиот став следеа низа коментари, најмногу од засеганатите родители кои се во дилема и не ретко се против вакцинацијата која, како што велат, ја влошува состојбата кај децата од аутистичен спектар.
На фејсбук објавата на доктор Даниловски коментираше и познатата пејачка Ребека која е мајка на аутистично дете и јавно го сподели своето искуство.
- За жал реалноста е таа. Професорот кажува доколку детето веќе има аутизам да не продолжи со вакцинирање. И, да, кај многу од тие деца состојбата на аутистичен спектар е од необјаснети причини. Аутизмот не е болест, но аутизмот е често пати присутен поради ретка болест или некој друг фактор. Што значи аутизмот може да биде и секундарен. Јасно, видливо нарушување на развојот е детектиран кај повеќето деца кои биле вакцинирани и покрај аутистичниот спектар на однесување. Конкретно нашиот син по вакцината МРП ГО ИЗГУБИ И ГОВОРОТ ШТО ГО ИМАШЕ И ОД ОДЕЊЕ СЕ ВРАТИВМЕ НА ЛАЗЕЊЕ НА 1 ГОДИНА И 8 МЕСЕЦИ! Тогаш имаше и епи-напади кои се зголемија за 50% веднаш по вакцинирање со МРП. Претходните вакцинирања ги примаше на Педијатрија под лекарски надзор и тие беа прочистени. Се додека не се направат детални анализи т.е.дали детето има некој друг проблем или болест сметам дека не треба семејството да биде оптеретено со обавезно вакцинација до некоја подоцнежна возраст. Доказите дека е тоа така ги нема зашто никој не води евиденција. Ретко кој пријавува и ретко кој запишува несакани ефекти од вакцина. Ние бевме избезумени. Веднаш отпатувавме во странство и не ни текна да пријавиме. Во тие моменти секундите се важни. Простете што се мешам, но како борец за правата на лицата со попреченост, ретки болести и аутизам сум во чест контакт со родители на деца со аутизам. Голема почит и кон двајцата професори, доктори, напиша Ребека Јанковски.
Јавноста со поделени ставови:
- Довербата во вакцините ќе се врати кога ќе се дознае точната причина за галопирачкиот раст на аутизмот.
- Одамна знаете (јавноста) дека вакцините не се тоа што беа некогаш. Без нив здраво општество неможе да има, но со нив нема ни да има општество. Колку ли е само стерилитетот во пораст?
- Ако веќе постои аутистичен спектар кај некои дечиња и е потврден аутизам се сложувам дека вакцината може и да ја искомплицира одредената состојба на детето кај кое има напредок на позитивни резултати. Зборувам од аспект на мојата професија -професор за предучилишно воспитување и имав чест да присуствувам на Конференција на која предаваше проф.др. Владимир Трајковски на Филозофскиот Факултет. Исто мислам и се согласувам со неговото излагање....