Дилема: Зошто мојот партнер веќе не сака да спие со мене?

Можеби не е во прашање афера, ниту тоа дека не сте му повеќе привлечни, туку…

Деца
Некои мажи признаваат дека своите жени престануваат да ги гледаат како „сексуални објекти” откако ќе родат, па им треба време за да се вратат на старата состојба. Други, откриваат дека голем проблем им е фактот дека нивните жени ги ставаат децата во прв план, додека тој сака малку соло време со нив.

Работа
Денешниот ден на работа му бил толку напорен, па сè што сака е сите да го остават на мир, вклучувајќи ве и вас, што не е причина за паника, доколку не се случува често. Исто така, можеби денот му бил во ред, но тој едноставно не знае да се исклучи од работа, дури и кога ќе си дојде дома.

Спорт
Понекогаш фудбалски натпревар на телевизија е поинтересен од секс. Натпреварот се игра само денес, а сексот може да се одложи за друг ден.

Спонтаност
Се сеќавате ли на последниот пат кога сте имале секс некаде без претходен договор, само затоа што ви се сакало во тој момент? Доколку одговорот е не, можеби тоа му претставува проблем на вашиот партнер, бидејќи го возбудува спонтаноста.

Порно-филмови
Поминувањето многу време на сајтовите за возрасни ја убива желбата за вистинска акција.

Несигурност
Врежано е мислењето дека само жените се несигурни во својот изглед, но тоа не е ни приближно така. И мажите можат да бидат незадоволни од сопствениот изглед.

Сон
Понекогаш добар сон е подобар од секс. И тие се луѓе.