ДИК: Стојкоски во водство за нов градоначалник на Ѓорче Петров

Државната изборна комисија преброја 73.58 отсто од гласовите во скопската општина Ѓорче Петров. 

Според податоците објавени на официјалната веб страна на ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски освои најголем број од гласовите, односно 6.997 гласови или за него гласале 50,04% од избирачите. 

Тој има повеќе гласови од кандидатот на СДСМ Борис Георгиевски, кој освои 4. 703 гласа.

За кандидатот на Левица во Ѓорче Петров Александар Димитријевич гласале 1.275 избирачи.