ДИК препорачува дезинфекција на гласачките места

Државната изборна комисија (ДИК) врз основа на одредбите од Изборниот законик ги задолжува сите градоначалници да организираат дезинфекција на сите гласачки места во објектите за гласање.

Како што се наведува во соопштението од Комисијата, за оваа законска обврска ДИК во неколку наврати во изминатиот период писмено ги извести единиците на локалната самоуправа, со цел почитување на здраствените протоколи за спроведување на изборите, а поради заштита на здравјето на изборните органи, гласачите и учениците.