ДИК: Од обработени околу 60% од гласовите, Данела Арсовска со 19.000 гласови пред Шилегов

Од обработени околу 60 отсто од избирачките места во Град Скопје води независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска со 55,85 проценти. Петре Шилегов од СДСМ има 40,60 проценти од гласовите, покажуваат податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија за резултатите од гласањето на вториот круг од локалните избори.

Во скопските општини, каде што се избира градоначалник, од пребројани околу 60 проценти од гласачките места во Чаир води Висар Ганиу од ДУИ со 53,61 процент, пред Беким Сали од АА/А со 41,16 процент, во Центар води Горан Герасимовски од СДСМ со 52,23 проценти пред Наташа Котлар од ВМРО-ДПМНЕ со 43,58 проценти, во Карпош води Стевчо Јакимовски со 51,19 од ГРОМ пред Душко Весковски од СДСМ со 43,68 проценти и во Шуто Оризари Курто Дудуш од ЛДП/ДОМ со 50,20 проценти пред Ферад Асан од СДСМ со 42,92 проценти.