ДИК ги отстранува избирачките одбори во Чаир

Општинската изборна комисија од Чаир без никакво образложение отстранува членови на избирачките одбори на местата за гласање, дознава Лидер од извори на избирачките места.

-На избирачкото место 2903 кое се наоѓа во основното училите Иднина во Чаир, дојдоа претставници на ОИК и без никакво образложение го отстранија претседателот на избирачкиот одбор, јавува набљудувач од лице место.

Како што дознава Лидер, ваквата пракса се применувала и на други избирачки места во Чаир, но засега немаме потврдена информација за тоа.