ДИК: До денеска 2.658 граѓани се провериле во избирачкиот список

До денеска до пладне 2.658 граѓани ги провериле своите податоци во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), додека преку веб страната на Комисијата односно електронски тоа го направиле 11.481 граѓанин.

На денешната седница на ДИК беше потенцирано дека увидот, што трае до 23 август на полноќ, се одвива без проблеми.

Паралелно тече и пријавувањето на иселениците за гласање на референдумот. До денеска исто така напладне за изјаснување во нашите ДКП се пријавиле 1.112 македонски државјани. Од нив 1.088 се прифатени. Меѓу ДКП-та каде има повеќе пријавени се Берн – 87, Виена 69, Лондон, Берлин…

Претседателот на ДИК Оливер Денковски истакна дека засега во споредба со парламентарните избори има помало темпо на пријавување на македонски државјани во странство за референдумот, но изрази надеж дека до завршување на пријавувањето на 23 август тоа ќе се промени.

Седницата на ДИК е во тек и се пополнуваат испразнети места во општински изборни комисии.