ДИЈАМАНТ – нов инстант лоз на Државна лотарија на Македонија

Од денес, среда  (18.10.2017 год) на сите продажни места на Државна лотарија на Македонија, со знакот на Детелинка, можете да го пронајдете и најновиот инстант лоз  наречен  ДИЈАМАНТ.

ДИЈАМАНТ -от на Државна лотарија на Македонија е полн со најразлични парични добивки , почнувајќи од 50 денари па се до 300.000 денари. Најголемата добивка  од 300 000 денари е предвидена за дури 15 играчи , а за другите играчи овој инстант лоз нуди 20 добивки од 150.000 денари, 25 добивки од 50.000 денари итн. се до 239.000 добивки од по 50 денари.  Цената на инстант лозот е 50 денари , па затоа не пропуштајте ја шансата да го пронајдете еден од добитните симболи  како што се дијамантскиот прстен и дијамантот кои може да ве доведат до една од  303.165 добивки кои ги нуди овој лоз. Играта е забавна со самото тоа што нуди дури 10 шанси , т.е. 10 игри во еден инстант лоз. Од многуте симболи само прстенот и Дијамантот се добитни симболи, со тоа што Лозот е добитен доколку изгребете Прстен , но доколку изгребете ДИЈАМАНТ добивката се удвојува. Покрај забавата овој инстант лоз е различен од сите до сега понудени бидејки содржи дури 303 165 добивки со вкупна вредност од 32.500.000 денари а еден инстант лоз може да ве донесе до 10 можни добивки . Многу забава, многу шанси и многу добивки во инстант лозот ДИЈАМАНТ.

Играј, добиј, блесни од радост!

Со инстант лозот ДИЈАМАНТ