Строгите диети можат да придонесат за многу здравствени проблеми. Ова е заклучокот од истражувањето спроведено од страна на група научници кои во текот на изминатиот викенд земаа учество на Годишниот состанок на Европската Асоцијација за ендокринологија.

Нивните заклучоци посочуваат дека диетите можат да имаат големо влијание на хормонот инсулин кој го регулира шеќерот во крвта, и на тој начин да придонесе за зголемен ризик од дијабетес.

Според Ана Бонаса, чиј тим спровел истражиување на универзитот Сао Паоло во Бразил истакнвуа дека ова е прва студија која покажува дека покрај губењето килограми, диететите имаат негативно влијание во оштетување на панкреасот и да ја нарушат функциијата на инсулинот кај здрави индивидуи.

Претходни истражувања исто така посочија дека диетите можат да предизвикаат креирање на слободни радикали, кои се високо реактивни хемикалии кои можат да ги оштетат клетките во телото и да придонесат до заболување од рак и забрзано стареење.