Диета според хороскопските знаци

Овој период е идеален за намалување на телесната тежина. Прочитајте како е тоа поврзано со хороскопските знаци!

Овен: Овните брзо слабеат. За нив е препорачлива диетата базирана на протеини, многу месо без масло, со редовно спортување.

Бик: Девицата полесно ќе ја да натерате да се протне низ увото на иглата отколку Бикот на диета, но кога ќе дојде и тој ден, со него нема шега. Со неговата својствена упорност ќе симне и дваесет килограми, особено ако го кренете од фотелјата, да игра тенис или да џогира.

Близнаци: Телесната тежиина на сите Близнаци е превртлива исто како и нивниот карактер – се дебелеат и слабеат по неколку пати во годината. Ги сакаат брзите диети, а најмногу јадат навечер.

Рак: Раковите секогаш имаат причина за богата трпеза – тагата ја стопуваат во бисквитите, а среќната љубов ја слават со банкети. Кога се на диета, задолжително треба да ги игнорираат семејните ручеци, а на бабите, тетките и мајките да им забранат да приготвуваат убави слатки. Им одговара лесна кујна, базирана на риба, зеленчук и многу вода.

Лав: Лавовите со тешко срце се одлучуваат за диета, но треба да се погрижат да ја спроведат во летниот период од годината. За нив е препорачливо да ја зелапат фотографијата на омилената манекенка на вратата од фрижидерот или, уште подобро фотографијата на згодно момче кое планираат да го освојат со вита става.

Девица: За девиците се идеални таблиците со калории. Во ресторан го вадат калкулаторот и го собираат изеденото, сомничаво мерејќи ги капките на маслото во салатата. За нив е најдобро да се информираат за здравата храна, како функционира метаболизмот при определена диета. Со носот забиен во прирачниците од типот „Слабејте здраво и трајно“, нема воопшто да мислат на храна.

Вага: Вагата едностано може да си постави цел да заблеска во провокативен фустан на некоја забава или летување со новата љубов: ќе ги дарува и последните атоми енергија за да ја издржи диетата. Кога има психички кризи може да оди на масажа, солариум, јога, за да се релаксира и да заборави колку и’ недостасува омиленото чоколадо „милка“.

Шкорпија: Шкорпиите ја прифаќаат диетата кога сакаат да направат големи промени во својот живот – враќање од пепелта е нивната специјалност, па зошто да не го сменат, покрај конфекцискиот број? Крајната цел е победа над себе и другите, за што се во состојба и да гладуваат.

Стрелец: „Малите лажни диети“ не се решение за Стрелците. На овие гурмани им е потребен надворешен предизвик во облик на некој спорт, патување и многу обрвски. Ним им е потребна исхрана што се базира на кинеската поговорка: „Појадувај сам, ручај со пријателот, а вечерај со непријателот“.

Јарец: Јарците имаат вишок на самодисциплина, така што за алармантната состојба на Вагата може да и се заблагодари само на сопствената мрзливост. Природата најчесто им дарува ковчеста градба, па кога еднаш ќе одлучат да ослабат, веднаш ќе одлучат да ослабат, наталоженото сало само од себе се топи. Им одговараат аскетски диети, а некои експериментираат и со гладување преку сокови, семки и слично.

Водолија: Водолиите не сакаат да се занимаваат со сопствениот изглед тукатака. Реагираат само кога се во прашање здравјето и интересот за правилен начин на живеење (повеќето од нив се вегетеријанци, макробиотичари и слично). Ако се одлучат на диета, треба да ја спреведат со лекарска контрола, бидејќи не се одликуваат со физичка издржливост.

Риби: Диетата кај некои Риби е секојдневна појава, и често зборуваат дека „не јадат толку многу“ пред да  го стават колачето во уста. Или се наследно корпулентни (или исклучително ситни), а стомакот може да им биде и од склоноста кон алкохолот. За нив разновидните и забавни диети се они кои се полни со овошје и зеленчук. Нека ги избегнуваат советит од типот: „Само банани десетина дена“.