Диета со супи: За 7 дена, 4 килограми помалку

Во основа на овој домашен режим на исхрана се домашните варива богати со хранливи состојки. Диетата со супа е базирана на течни оброци кои лесно се варат и ги содржи сите неопходни хранливи материи.

Овој режим на исхрана ќе трае една недела и можете да изгубите и до четири килограми, доколку строго се придржувате до правилата. Важнио е секој оброк да се состои од домашна супа во неограничени количини.

Тоа можат да бидат бистри или крем супи, супи со месо или со зеленчук. Во текот на тие денови избегнувајте преработена храна, благо и нездрави грицки.

Намалете го внесот на јаглени хидрати на минимум и во супите ставајте бело пилешко месо, фета сирење, грашак, грав, затоа што се тие богати со протеини.

Супите можете да ги спремите и однапред, а за да не ви здодеат оброците, експериментирајте со разни вкусови. Една голема чинија супа има 300 калории, а супите можете да ги носите и на работа во термос или да ги замрзнувате.

Добрата страна на оваа диета е што можете да јадете супи во неограничени количини.

Сепак, пред примената на каков било диетален начин на исхрана задолжително консултирајте