Диџејот кој ги запали европските клубови доаѓа во Скопје

"Ноќи полни со убави звуци, многу страст и вистинска клубска музика" - вака светските медиуми ги опишуваат гостувањата и сетовите во светските клубови на Jeremy Fichon познат како Jeremy Underground Paris.

Помеѓу љубителите на ваквиот тип на музика познат е како добар селектор со изразен музички идентитет, кој со себе низ целиот свет носи полн куфер записи со чија помош ја шири неговата љубов кон андерграунд музиката. 

Ние, само ќе додадеме дека ова е диџејот кој дефинитивно ги запали светските ноќни клубови. На 27-годишна возраст тој е еден од водечките француски диџеи коj потекнува од Париз. 

Во месец во кој тој настапува во познати клубови во Манчестер и Ротердам, на големо задоволство на македонската публика тој доаѓа и во Скопје. 

Локацијата е ноќниот клуб Станица 26 , а гостувањето е закажано за петок, 18 март со почеток точно полноќ. Билетите се пуштени во предпродажба по цена од 200 денари.