Дибиров: Така си одат од клубот „мангупи“!

Руското крило Тимур Дибиров беше преемотивен по крајот на мечот меѓу Вардар и ПИК Сегед, кој заврши со триумф на „црвено-црните“ (31-23). Вардар го одигра последниот домашен меч во ЛШ, последен пред домашната публика во овој ростер, а еден од вардарците со најдолг стаж, за Gol.mk истакна дека сите се простиле од домашната публика како големи мангупи.

„Коментар за средбата? Така си одат од клубот „мангупи“! Ако сакаме ние да се простиме со Вардар, тогаш мора да направиме тоа на ваков голем начин. Ние сме големи луѓе, големи играчи, затоа сакаме да си одиме на ваков начин. Дадовме се од себе и оставивме срце за терен, публиката беше феноменална. Игравме со голема почит за публиката и за целата Македонија. Немам повеќе што да додадам, затоа што имавме еден многу, многу емотивен меч“, изјави Дибиров.

Вардар ќе го брка своето трето последователно учество на Ф4-турнирите на Лигата на шампионите на 5 мај во Сегедин.