Дибиров: Не се сеќавам на последните 10 минути

Не се сеќавам на последните 5-10 минути од натпреварот, се сеќавам само дека губевме седум разлика, ништо повеќе, вели Тимур Дибиров во интервјуто за порталот „Балкан хендбол“ веднаш по натпреварот против Барселона.

- Потоа се боревме за секоја топка, не гледавме кој како игра, само чекавме да добиеме шанса. Имаме големо срце, сè е нереално поврзано со Вардар оваа година. Ние сме тука за да ги правиме луѓето од Македонија среќни, такви емоции не се опишуваат. За нас е најважно нив да ги направиме среќни, поима немам како победивме, вели Дибиров.