Дезинфицирајте го воздухот во вашиот дом со помош на лук

Во време на чести вируси и настинки, овој трик е злато вреден! Вирусите ќе станат минато во вашиот дом, со помош на овој со векови стар трик, кој го користели и нашите претци. 

Ништо ново не претставува информацијата дека лукот има силно дезинфекционо, антибактериско и фунгицидно дејство. Ефектот на лукот може да се спореди со она на антибиотиците. Се работи за растение кое изобилува со повеќе од 200 различни биолошки соединенија меѓу кои се етеричното масло, глицин, калциум, фосфор, селен и големи количества на витамините Б и Ц. Со оглед на тоа може да се заклучи дека лукот неверојатно делува против стрептококата, тифусот, габичните и вирусните инфекции. 

Во сезоната на грипови и настинки, лекаритеп репорачуваат често проветрување на просториите во кои го поминуваме најголемит дел од денот, со цел да останеме здрави. Покрај тоа можете да го употребите овој едноставен трик за да го дезинфикувате воздухот во домот.

Едноставно и брзо:
Земете еден чешел лук и внимателно одстранете ги врвовите, внимавајќи да не ја уништите лушпата. Стебленцето на кое се држато лушпите запалете ја во пепелник или некоја друга незапалива подлога и оставете го полека да изгори. Чадот кој ќе настане, нема непријатен мирис, а баш тој ќе ги убие вирусите и бактериите кои се шират низ воздухот, така, ќе се заштитите од воспаленијата на грло, нос или белите дробови. 

Втор начин:
Вториот начин подразбира поголемо количество на лук, кое ќе го распоредите по ќошевите на просторијата во која го поминувате најголемиот дел од денот или во која спиете. Лукот за себе ги врзува штетните бактерии и микроорганизми од воздухот, така што оној кој го дишете ќе остане чист. Лукот кој сте го користеле за прочистување, никако не смеете да го употребувате како храна.