Дезинфекција на училиштата, градинките и домот за стари во Аеродром

Деновиве почна да се врши дезинфекција на сите објекти на основните училишта и на градинките на територијата на Општина Аеродром, а беа дезинфицирани и сите влезови на домот за стари „Аеродром“.

Ова е дел од мерките кои се преземаат како заштита и превенција од вирусот КОВИД – 19.

Исто така, Општина Аеродром редовно врши дезинфекција со што се опфатени сите детски и спортски игралишта, контејнерите, кантите за отпадоци, како и целокупната урбана опрема.