Дезинфекција на јавните површини и урбаната опрема во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров изврши вонредна дезинфекција на јавните површини, општинските простории, детските игралишта, соблекувалните и канцелариите на стадионот и урбаната опрема во Ѓорче Петров.

Службите ќе продолжат со истата постапка и во наредните денови. Апелираме да излегувате само ако имате неопходна потреба и почитувајте ги мерките од надлежните за заштита од Ковид-19 вирусот.