Девојка тешко повредена во сообраќајка во Скопје, полесно повредени уште три лица

Сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(22) од Скопје и патничко возило „Опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(41) од Скопје се случува вчера во 21.45 часот на крстосницата од улица „Славка Динкова“ и улица „Антон Димитров“.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „Опел Корса“, М.Т.(20) од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и 16-годишна сопатничка во возилото „Опел Мерива“ од село Покошево, скопско, информираат од МВР.

На сите им била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.