Девојчето од „25 Мај“ преживувало пекол: Не било само силувано и продавано за проституција

Почнаа да се расплетува случајот со тринаесетгодишната штитеничка од домот „25 Мај", која неодамна абортираше.

Според сознанијата, последните неколку месеци биле пеколни за девојчето. Било принудувано да се проституира, а макро на малолетничката била 42-годишна жена од Кавадарци. Единицата за трговија со луѓе поднесе кривична пријава против кавадарчанката за кривично дело трговија со дете.

Според истрагата, кавадарчанката во декември лани и јануари годинава ја принудувала малолетната штитеничка да дава сексуални услуги на поголем број лица. Покрај сексуалната експлоатација таа ја принудувала да питачи. Кавадарчанката била приведена во полициската станица Кисела Вода од каде потоа била однесена на распит во Основниот суд Скопје 1.

За овој случај се огласи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал од каде изјавија дека по допрен глас отвориле предмет за скандалот.

Следејќи ги написите во врска со случајот на штитеничката од Заводот за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение отворивме предмет по допрен глас. По спроведени предистражни дејствија донесовме наредба за спроведување на истрага против едно лице за кривично дело трговија со детеза кое дело е предвидена казна затвор од најмалку 10 години.

На кавадарчанката и бил одреден 30-дневен притвор.

Во меѓувреме како што објави Телма Обвинителството има еден осомничен за силување на 13-годишната штитеничка од Домот. Од осомничениот е земен примерок за ДНК анализа. Истрагата бара ДНК профилот на осомничениот да биде спореден со ДНК профил на непознат маж кој е откриен при медицински преглед на девојчето лани во ноември. Тогаш малолетната жртва била најдена полугола и боса во бесознание на улица во Велес. За скандалот оставка си даде и директорот на Домот, а Министерството за труд и социјална најави кривични против сите одговорни.