Девојче тешко повредено откако паднало по скали во автобус на ЈСП

Десет годишно девојче се здобило со тешки телесни повреди во автобус број 3 на Јавното сообраќајно претпријатие на улица „Тодор Александров“, вчера околу 11 часот.

-Во моментот кога девојчето се симнувало по скали од вториот кат автобусот застанал и тоа паднало по скалите. По незгодата, девојчето со друго возило било пренесено во Ургентен Центар – „Систина“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.