Девојче се удави во Вардар бегајќи од кучиња

Седумнаесетгодишна девојка се удави синоќа во водите на реката Вардар бегајќи од кучиња. Таа околу 19 часот била нападната од глутница кучиња во близина на гостиварската болница.

Набрзо потоа граѓани пријавиле во полициска станица Гостивар дека девојчето паднало во реката, по што е организрано пребарување на коритото на Вардар.

Екипи на полицијата, Дирекцијата за заштитата и спасувања и пожарникари трагаа по девојчето и го пребруваа теренот каде што паднало во водите на Вардар во Гостивар.

Синоќа околу 22 часот со помош на жителите на селото Балиндол било извлечено телото на девојчето.Телото го нашле жителите, а било извлечено со помош на полициските екипи.

Се очекува јавен обвинител да изврши увид на местото на несреќата.