Девојче нападнато на игралиште во Карпош, насилството снимено и објавено на социјалните мрежи

Полицијата во Скопје евидентира уште еден случај на малолетничко насилство. Жртва е девојче кое било физички нападнато од две врснички на детско игралиште во Карпош, а целиот инцидент бил снимен и објавен на социјалните мрежи.

Пријавата во полициската станица била поднесена на 10 октомври од таткото на нападнатото девојче, 39-годишниот Д.М. од скопското село Бардовци. Според информациите од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, малолетничките напаѓачки го снимале насилството со мобилен телефон и потоа видеото го споделиле онлајн.

Ова е уште еден во низата случаи на насилство меѓу малолетници во земјата, при што инцидентите се документираат и дистрибуираат преку социјалните медиуми.