Девет (тивки) знаци кои ви кажуваат дека треба подобро да се грижите за себе

Се храните здраво, вежбате, имате редовен сон, но сепак постои нешто што го мачи организмот и ви дава знаци по кои треба да се водите и да знаете дека треба уште повеќе да се грижите за себе. Доколку пронајдете некои од следниве знаци/симптоми кај себе, тоа значи дека не внимавате доволно на себе и дека е време за промена.

Заборавеност

Се будите наутро и според ваше мислење вечерта добро сте се наспале и сте се одмориле, но сепак се чувствувате поспано и излеговте од дома без паричникот, клучевите, телефонот... можеби станува збор за заборавање кое доаѓа со годините, но вакви и слични ситуации може да бидат показател за нешто посериозно, особено ако се јавуваат почесто.

Една од причините за ментална магла може да биде хормонална нерамнотежа која доведува до когнитивни проблеми. Кај жените ова може да биде и знак за проблем со тироидната жлезда.

Ако заборавањето е честа појава во вашето секојдневие, размислете за посета на доктор и за проверка на крвната слика. Проверете ги хормоните и работата на тироидната жлезда за да видите дали се тие причината за „магловитите“ утра.

И кај жените и кај мажите распрсканите мисли и рассеаноста може да се последица на проблем со цревната флора и со бактерии во цревата. Фактот што цревната микрофлора е поврзана со нашиот мозок, наложува подобра исхрана за побистар ум и подобра концентрација.

Мала желба или потполно отсуство на сексуален нагон

Родителство, години поминати во брак, обврски... сето ова може да биде причина која влијае на сексуалниот однос, односно на негово изостанување. Но, ако воопшто немате желба и потреба за секс можеби проблемот лежи во вашите хормони. И во овој случај првиот чекор е разговор со доктор и анализа на хормоните.

Хормонската нерамнотежа може да доведе до озбилни состојби на организмот како што се умор, депресија, дебелеење, па дури и проблеми со срцето.

Голем стрес

Грижа за сѐ и за сите околу вас, работа, факултет, семејство, љубовна врска, разноразни болести во фамилијата и трчаници се причина за постојан стрес кој може да ви го уништи здравјето.

Стресот го зголемува нивото на кортизол, а нерамнотежата на овој хормон може да доведе до омалаксаност и депресија кои влијаат на нашите когнитивни способности.

Освен тоа, високото ниво на хормонот кортизол може да доведе до вишок килограми, а последиците од тоа да бидат намалена самодоверба, фрустрација и намалена енергија.

Еден од начините со кои може да се влијае на кортизолот е здравата исхрана, а за да се намали или во потполност да исчезне стресот важна е вистинската поддршка. Помалку стрес е она што ни треба за подобрување на општата здравствена состојба и за подобрување на квалитетот на живот.

Постојано ви се спие

Квалитетниот сон е клучна компонента за здравјето која влијае на секојдневното функционирање и на начинот на живот. Ако се борите со несоница подолго време, разговарајте со доктор и консултирајте се дали е потребно да направите дополнителни испитувања за да ја откриете причината за несоницата.

Грчеви во нозете

Живееме во ерата на дигитализација и екранизација, па затоа голем дел од денот го поминуваме седејќи пред екраните на нашите работни места или дома. Кога сме во една положба на телото поголем дел од денот може да почувствуваме повремено затегнување на мускулите или грчеви на нозете. Доколку ова станува честа појава, следете колку често ви се случува и бидете сигурни дека станува збор за ниско ниво на магнезиум во организмот. После подолг временски период недостатокот на магнезиум може да доведе до сериозни здравствени проблеми, како што е срцевата аритмија.

Првиот чекор за решавање на овој проблем е зголемена консумација на храна богата со магнезиум, како што се банани, семки од тиква или банани.

Трнење во рацете и во нозете

Повременото трнење обично не е причина за грижи, но ако се зачестени, може да упатуваат на проблем со недостаток на витамин Б12. Ако го занемарите овој проблем, недостатокот на овој важен витамин може да доведе до анемија, па и до невролошки заболувања.

За проблемот да не стане поголем консумирајте јајца и млечни производи.

Многу сува кожа

Во зимските денови негата и хидратацијата на кожата се многу важен и неизоставен дел од нашето секојдневие. Сувата кожа е проблем со кој се борат многу луѓе, а може да биде знак дека ви недостигаат масни киселини во организмот.

Во секојдневната исхрана треба да се додаде храна богата со здрави масти како што се авокадо, ореви, маслинки и сл.

Проблеми со кожата во облик на акни

Иако акните се проблем кој се поврзува со генетика и со хормони, постојат уште неколку чинители кои го зголемуваат нивното појавување. Еден е стресот, а другите се зголемена консумација на благо и скроб што доведува до зголемено ниво на шеќер во крвта и до воспаление.

Попладневен замор

По напорното утро на работа ги одбројувате минутите до паузата за ручек и за кафе, а веднаш потоа почнувате да се борите со попладневниот замор и ги одбројувате минутите за попладневна дремка? Причината може да лежи во изборот на намирници. Имено, ако редовно јадете оброци кои содржат тесто, односно леб или пица и сендвичи, не е ни чудно што сте уморни. Таквата храна го покачува нивото на шеќер во крвта кој потоа нагло паѓа, а ниското ниво на шеќер во крвта предизвикува поспаност и замор.

За да го избегнете попладневниот замор треба да воведете измени во исхраната. Потрудете се да имате оброци богати со протеини, масти и овошје богато со влакна со цел да го одржите нивото на шеќер во крвта.