Девет санкции за возила што вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

На 18 и 19.06.2022 полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и Полициската станица за граничен премин Долно Блаце извршиле контрола на пет автобуси, три патнички возила и еден минибус кои вршеле меѓународен превоз на патници.
На Граничен премин Табановце, при контрола на автобус управуван од В.Л. од Струмица, на автобус управуван од А.М. од Кочани, на автобус управуван од Р.К. од Струмица, сите три со струмички регистарски ознаки, на автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Ф.А. од с.Шемшево, на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Р. од Скопје, и на три патнички возила со струмички регистарски ознаки: „мерцедес“ управуван од В.Н., „фиат дукато“ управуван од К.С., двајцата од струмичко и „мерцедес“ управувано од К.А. од Струмица било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
Исто така, на Граничен премин Долно Блаце, при контрола на возило комби со албански национални ознаки, управувано од А.Е. од Република Албанија, било констатирано дека врши меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.
Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.