Девет нови случаи со морбили, заразата се шири низ државата

Бебиња кои не подлежат на вакцинација се дел од новите случаи на морбили кои синоќа завршиле на Инфективна.

Од деветте новорегистирани, 6 биле хоспитализирани а тројца ги третирале амбулантски. Инфектолозите велат дека најголем број се со копмликации на белите дробови и кај дел од нив доколку дојде до влошување на состојбата може да завршат и на апарати за дишење. Освен во Скопје малите спианици се проширија и во внатрешноста. Регистрирани се првите случаи во Велес и Гевгелија. Поради новиот бран на заболени денеска Клиниката за инфективни болести ја посети министерот за здравство.

За еден месец  МРП вакцина примиле над 4300 деца. Во градинките не примаат невакцинирани деца а надлежните велат тоа ќе продолжи и по завршувањето на епидемијата.

-Не нема да примаат, поради тоа што досега било така затоа и ни се случи ова, значи, и по завршувањето на епидемијата која се надевам ќе биде со помал број на случаи, нема да има прием во градинка на невакцинирани, вели Филипче.

Од појавата на првите случаи во Радишани досега со морбили се регистрирани 97 заболени. На Инфективна во моментот има 24 со мали сипаници.