Девет најчести причини за прекумерно опаѓање на косата

Губењето на косата може да биде проблем за вашиот изглед, но и индикатор дека можеби имате некој здравствен проблем. Ви прикажуваме девет причини за губење на косата.

Телоген ефлувиум

Се работи за феноменот што се случува по бременост, операции, драстично губење килограми или по голем стрес. Косата опаѓа со многу поголема брзина од нормалната, а кај повеќето губењето на косата се забележува од шест недели до три месеци по стресното случување. Телоген ефлувиум може да биде и последица од консумирањето некои лекови, како антидепресиви. Решение во првиот момент е да се обидете да го намалите нивото на стрес, а потоа најдобро е да се обратите кај лекар за понатамошно лекување.

Наследно губење на косата

Според „Американската академија за дерматологија“, тоа е најчеста причина за губење на косата.

Хипотиреоза

Милион луѓе, од кои поголемиот дел се жени, страдаат од болести на тироидната жлезда. Кога вашето тело произведува премалку хормони на тироидната жлезда, се работи за хипотиреоза. Бидејќи хормонот на тироидната жлезда е одговорен и за растот на косата, кожата и на ноктите, неговиот недостаток и тоа како може да забележи и на вашиот изглед.

Добра вест е што постојат лекови што можат хормонот на тироидната жлезда да го доведат на нормално ниво.

Кожни болести на темето

Нездравата кожа на скалпот може да предизвика воспаление што го отежнува растот на косата. Губење на косата предизвикуваат и првут, псоријаза, габични инфекции… Секоја од овие состојби има свој третман и лекување.

Алопеција ареата

Се работи а автоимуна болест кај која имунолошкиот систем ги напаѓа фоликулите. Причината е непозната, но болеста може да биде поттикната од стрес. Се лекува со кортикостероиди, а важно е и да се намали нивото на стрес.

Преагресивно одржување

Премногу често миење, бојадисување и фенирање може да ѝ наштети на косата и да предизвика прекумерно опаѓање.

Анемија

Жените што имаат обилна менструација и не јадат доволно намирници богати со железо, се склони кон анемија, односно кон недостаток на железо во крвта. Освен што предизвикува замор, слабост и бледа кожа, недостатокот на железо е виновен и за опаѓањето на косата.

Лупус

Многу лица што боледуваат од хроничната автоимуна болест лупус, страдаат од опаѓање на косата што е често проследено со осип по темето.

Синдром на полицистични јајници

Се работи за синдромот што понекогаш е виновен за губењето на косата, а и за вишокот влакна на останатиот дел од телото, па и на лицето.