Девет начини за борба против стрес

Смеењето го намалува стресот, бидејќи кога се смеете гласно се забрзува крвотокот, а со тоа се зголемува количеството кислород што стасува до органите...

Стресот на човекот му е еден од најголемите непријатели, а поради денешниот начин на живот е неизбежен. Сепак постојат начини кои помагаат во борбата поротив стресот.

Смеењето го намалува стресот, бидејќи кога се смеете гласно се забрзува крвотокот, а со тоа се зголемува количеството кислород што стасува до органите.

Минувајте го времето со домашните миленичиња, бидејќи по само неколку минути игра со мачка или куче, телото лачи хормони поради кои ќе се чувствувте подобро, а истовремено се намалува количеството хормони поврзани со стрес, како што се серотонин и пролактин, кои му штетат на организмот.

Чистетето го просторот во кој живеете, бидејќи неуредноста носи несакана напнатост. Експертите тврдат дека луѓето со чистење го елиминираат стресот, бидејќи уредноста дејствува задоволувачки и смирувачки.

Работете домашни работи додека слушате музика, направете листа на работи кои морате да ги направите и појдете на работа. Така ќе ги елиминирате вишокот калории, а исто така, нема да бидете константно уморни и под стрес.

Пијте сокови бидејќи витаминот Ц помага во контролата на стресот, намалувајќи го нивото на хормони поврзани со стрес, како што е кортизол.

Пејте, без оглед дали тоа звучи добро или не. Истражувањата покажаа дека луѓето кои пејат се посреќни и поотпорни на стрес.

Шетајте, бидејќи тоа е еден од начините со кои се поттикнува телото да лачи ендорфин, поради што ќе се чувствувате добро. Лесни вежби, исто така, се исклучително корисни.

Сексот е фантастичен за борба против стресот и опуштање, бидејќи го снижува крвниот притисок, ја зголемува самодовербата и го зголемува чувството на интимност со партнерот.

Длабоко дишете и користете мириси на лаванда и рузмарин. Кислородот ќе ви помогне да се смирите и да го победите стресот.