Девет милиони денари за финансиска поддршка на спортистите во Гази Баба

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека е објавен Јавен оглас за прибирање на барања за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженија, спортисти, други правни лица од областа на спортот и спортски манифестации кои се одржуваат во Општина Гази Баба за 2023 година.

Оваа година, општина Гази Баба од буџетот определи 9.000.000 денари за финансиска поддршка на спортски клубови и индивидуални спортисти од нашата територија.

- Овој јавен оглас преставува силна поддршка за спортот во општината, но и мотив младите да се насочат кон здрав живот. Ги повикувам сите спортски клубови и индивидуални спортисти да аплицираат на јавниот оглас за добивање на финансиска помош од општината, напиша Стефковски на Фејсбук.

Линкот до јавниот повик може да се најде ТУКА.