Девет лица вчера фатени со марихуана, четворица од нив кај Бит Пазар

Ноќеска и во текот на вчерашниот ден полицијата привела двет лица кои биле фатени со марихуана.

Ноќеска околу 01 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул. „Самоилова“ го привеле Н.Ф. (31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера попладне пак во с. Мало Турчане, гостиварско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Б. (24) и З.Б. (25) од гостиварски Балиндол, С.Ф. (31) од Беловиште и Л.М.(26) од Гостивар, затоа што при преглед кај нив бил пронајдена марихуана.

С.Ф. бил задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ноќеска полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го привеле Б.К. (30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар ги лишиле од слобода Б.И. (22) и Љ.С. (22), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода А.Ј. (34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.