
Вчера во 11:30 часот на улица „Бајрам Цури“ во Дебар, полициски службеници привеле девет албански државјани.
Во полицискиот билтен се наведува дека при контрола извршена од полициски службеници и трудовата инспекција, констатирано било дека тие немале уредна документација за престој во земјава и дека спротивно на законските одредби, вршеле градежни работи на подрачјето на Дебар.
По целосно документирање на настанот, ќе следи соодветен поднесок.