Деведесетгодишник ограбен во влез од зграда во Центар

На 30.05.2020 во 15,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во влез од зграда на булевар Кочо Рацин едно лице со употреба на сила од Р.М.(86) од Скопје одзело пари и лични документи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од МВР информираат за уште едно разбојништво вчера во центарот на Скопје.

-На 30.05.2020 околу 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на булевар Св.Климент Охридски едно лице со закана одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.