Детското одморалиште на Водно - бетонска грдосија која пропаѓа повеќе од 30 години

Дали знаевте дека на Водно постои вакво нешто? Стара бетонска зграда, која требало да биде детско одморалиште за деца од цела Македонија. Објект сега е само бетонска грдосија изградена среде Водно, на 900 метри надморска височина.

Недоизграденото детско одморалиште на Водно и натаму стои како зграда на духови. Оваа зграда никако да се доврши откако во 1982 година биле прекинати гардежните работи.

Детското одморалиште се наоѓа под врвот на Водно (два километри од Милениумскиот крст), во состојба на изведена армирано бетонска конструкција (делумна карабина). 

Фотографијата која вирално се споделува по разни фејсбук групи за прекрасни дестинации е на Филип Михајлов кој користел дрон за да ја направи.