
Детското игралиште на улица Стрезово 9 (во УЗ „Кузман Јосифовски Питу“, помеѓу СУУ „Лазар Танев“ и просториите на урбаната заедница) наскоро ќе добие сосема нов, повесел лик, информираа од Општина Карпош.
„Со овие нови реквизити создаваме поубав, побезбеден и поквалитетен простор за игра, дружење и детски насмевки во населбата Козле“, нагласија оттаму.
Воедно од Општината информираа дека Советот ја прифатил донацијата од општествено одговорната компанија „Лапласт-М ДООЕЛ Скопје“ и порачаа дека Општина Карпош продолжува да ги поддржува ваквите партнерства со компании кои се грижат за заедницата.