Детскиот фолклорен фестивал „Св. Троица“ во Долно Лисиче и Аеродром

Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Св. Троица“ и оваа година ќе се одржи во Долно Лисиче и во паркот „Јане Сандански“ во организација на КУД „Гоце Марковски“, а под покровителство на Општина Аеродром.

-Официјалното отворање ќе биде на 2 јуни (петок) во 20:00 часот на фестивалската бина во Долно Лисиче, а претходно учесниците ќе имаат дефиле по главната улица во ова населено место.

На 3 јуни (сабота) од 12:00 часот, предвиден е пладневен концерт во паркот „Јане Сандански“, каде што ќе настапат фолклорните групи од повеќе земји од регионов, што нуди можност за запознавање со различните култури, обичаи, игри и песни.

Завршната концертна вечер ќе се одржи на 4 јуни (недела) во Долно Лисиче со почеток од 19:30 часот, соопштија од општина Аеродром.