Детскиот фестивал „Поточиња” на 24 и 25 март во МОБ

Пролетта во Скопје традиционално е резервирана за детскиот фестивал „Поточиња”.

Новото издание „Поточиња 2018” ќе се одржи на 24. и 25. март во Македонска опера и балет и воедно ќе значи прослава на 15 години јубилеј на овој реномиран детски фестивал.

Организаторот „Пап продукција“ најавува специјално роденденско издание исполнето со нови песнички, прекрасни приказни, изненадувања и специјална роденденска програма. Домаќин на дечињата ќе биде популарната маскота „Поки” која ќе ја води публиката низ ова јубилејно издание.

На репертоарот се 6 претстави со почеток од 11, 13 и 19 часот. Билетите по цена од 200 денари се во продажба на билетарата на МОБ, Југотон и онлајн на www.jugoton.mk.