Детската клиника во карантин, лекари и медицински персонал се заразиле со морбили

Шестмина здравствени работници од Клиниката за детски болести се заразиле со морбили. Четири од нив се лекари на специјализација, една медицинска сестра и вработен на шалтер. Малите сипаници кои се проширија во сите скопски општини не го поштедија и медицинскиот персонал.

-Заразените биле невакцинирани или делумно заштитени со само една доза од вакцината. Ниту еден од нив не е хоспитализиран на Инфективна. Тие билево директен контакт со заболени дечиња или со такви со респираторни инфекции кои биле во период на инкубација вели др. Жарко Караџовски, епидемиолог во Институт за јавно здравје.

На Детска клиника изминатите денови направиле анкета меѓу сите вработени и 21 лице вчера примило МРП вакцина. Епидемиолозите велат дека интерес има и кај други здравствени работници кои се изложени на контакт со заразната болест, а според информации на Сител, сомнителни случаи имало и во други здравствени установи.

-Во центарот за јавно здравје биле вакцинирани 30 здравствнеи работници како дел од препораката на Комисијата за заразни болести и има списоци на лекари кои сакаат да се имунизираат. Не се поштедени тие што се вакцинирани особено со една доза бидејќи во улсови на епидемија на удар се сите, вели Караџовски.

На Инфективна клиника има повеќе од 30 лица заразени со морбили кои се на болничко лекување. Најчестите копмликации кај овие пациенти се белодробни инфекции. Расте и бројот на новозаразени меѓу кои има и деца и возрасни. Поради ширењето на болеста има и посебни мерки на Клиниката за детски болести.