Детска претстава „Новогодишна авантура“ во „Public Room“

Нова детска претстава „Новогодишна авантура“ во „Public Room“, е закажана за 4-ти декември, со почетокво 14 часот. 

Се работи за забавна, модерна приказна која учи на вистинските вредности. Трае 40 минути и е наменета за деца на возраст од 4+ години.

-Ајде заедно да ја погледнеме авантурата на малата Лена која е вљубена во китењето на новогодишната елка! Кога Лена ќе заспие ќе ја посетат трапавите помошници на Дедо Мраз, кои откако ќе приметат дека ги заборавиле подароците што треба да ги однесат под елките на децата одлучуваат да ги земат елките и да ги однесат кај подароците! - велат од „Public Room“, во описот на претставата.