Детска лизгалка во Усје завршува на улица?

Детски забавен парк во УСЈЕ е изграден и поставен покрај прометна улица, реагираат жители на населбата. 

На видеото објавено на страницата „За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода“ јасно се гледа дека децата кои се лизгаат на лизгалката, кога ќе се спуштат по неа, всушност стапнуваат на улица на која постојано поминуваат возила. 

Се поставува прашањето како вакво поставување воопшто добило одобрување од Општината и дали оние кои го поставувале се свесни за опасноста која ја предизвикуваат.