Лесен и едноставен за подготовка, а претставува моќна комбинација за јакнење на имунитетот.
Потребни состојки:
50 г бадеми
6 дл вода
1 лажица мелен сусам
2 лажици мелен лен
1 грејпфрут
Начин на подготовка:
Бадемите натопете ги во вода преку ноќ, а потоа ставете ги во блендер, а потоа додајте 6 дл вода, измиксирајте и процедете. Во така подготвеното млеко додајте го ленот, сусамот и грејпфрутот. Измиксирајте добро и потоа, напитокот е готов.
На здравје!