Детокс купка која ќе ги исчисти токсините и ќе ви донесе одлично расположение

Живееме во брзо време со храна која е богата со пестициди, адитиви, тешки метали, а дополнително се соочуваме и со голем стрес предизвикан од многу ситуации. 

Постојат многу начини за детоксикација на организмот, но еден од наједноставните е купката. Таа помага да го прочистиме телото, да го смириме умот и да се опуштиме. 

За оваа купка ви се потребни само неколку состојки. Наполнете ја кадата со топла вода, додадете 2 шолји крупна морска сол, 4 големи лажици сода бикарбона и етерично масло од лаванда. 

Можете да си запалите и миризливи свеќи и да си пуштите лесна музика која ве опушта. Останете во купката околу 20 минути, а потоа опуштете се со книга или музика која ве опушта, но потрудете се да се оддалечите од технологијата. 

Оваа купка се препорачува пред спиење, поради одличниот ефект на смирување на телото и има моќ да ви помогне полесно да заспиете.