Детектор: Во Македонија постои полова дискриминација при вработување

На последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања - Скопје дури 50,7 отсто од анкетираните сметаат дека постои полова дискриминација при вработување, додека 37,2 отсто сметаат дека нема таква појава.

Дури 53,3 отсто од анкетираните жени препознаваат полова дискриминација при вработување, наспроти 34,9 отсто кои сметаат дека тоа не се случува.

Таков став делат и 48 отсто од мажите кои препознале дискриминација, додека 42,7 отсто од анкетираните лица велат дека нема таква појава.