Дете велосипедист повредено во сообраќајка кај „Мајчин дом“

Сообраќајна несреќа во која повредено е дете се случила  на улицата „Васко Карангелески“ кај „Мајчин дом“, потврдуваат од МВР за Курир.

Од полицијата за Курир велат дека според првичните информации со кои располагаат автомобил со скопски таблички удрил во дете велосипедист.

Детето било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“, но засега нема информации за карактерот на повредите и неговата здравствена состојба.

Од МВР додаваат дека повеќе информации ќе бидат познати по завршување на полицискиот увид кој е во тек.