Дете-велосипедист е тешко повредено при судир со „мерцедес“ во кумановско

Малолетен велосипедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа во кумановско кога се судрил со возило „мерцедес“. 

- На 25.09.2026 во 22:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат во село Лопате, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 15-годишник од село Лопате и велосипед, управуван од И.Х.(50) од село Лопате. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар Куманово, информираа од МВР. 

За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.