Дете прободено со остар предмет од група малолетници кај Транспортен центар

Малолетник од скопско се здобил со убодни рани откако бил физички нападнат од група малолетници. 

- На 20.11.2024 во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со убодни рани бил донесен малолетник од село Кучевиште, скопско. Според пријавеното, кај Транспортен центар во Скопје тој бил физички нападнат од група малолетници, при што еден од нив со остар предмет му нанел убодни рани, соопштија од полицијата во вчерашниот билтен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.