Дете повредено во приватна градинка во Скопје, воспитачката паднала додека го носела во раце

Вчера во 21.50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Т.(38) од Скопје пријавил дека на 03.08.2022 околу 17.00 часот откако го земал неговото дете од приватна детска градинка на бул.„Илинден“ забележал дека со детето нешто не било во ред.

- Според пријавеното, тој контактирал со градинката и го известиле дека една од вработените додека го носела детето се сопнала и паднала, за што го информирале управителот, но не и родителите. Во приватна болница во Скопје била констатирана тешка телесна повреда кај детето, информираат од полицијата. 

Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.