Дете падна од тераса

Седумгодишник паднал од тераса вчера во Кавадарци по што бил пренесен на скопските клиники, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.Можеби ќе ве интересира

Несреќата била пријавена во 14 часот во Полициската станица Кавадарци. Според пријавата, незгодата се случила на улицата Браќа Џунови.

Детето паднало од терасата на куќата во која живее. Поради повредите, било пренесено во  комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

MVR